Вардар поразен од Динамо Киев на втората контрола во Анталија

Вардар поразен и на вториот контролен натпревар на подготовките во Анталија. Подобар ривал од нашата екипа попладнево беше украинскиот тим Динамо Киев, кој победи со 4:0.

Вардарци иако на моменти имаа рамнотежа во играта и во поседот на топката, сепак, противникот ги искористи своите шанси и постигна четири голови.

Првиот гол падна во 5. минута, откако Бујалски со удар од 15-16 метри го совлада Гачевски, упатувајќи ја топката во долниот десен агол. Вториот гол го постигна Сидорчук откако по една нафрлена топка, убаво ја зафати топката, и го совлада Гачевски. На 0:3 зголеми Дуелунд во 29. минута по акцијата од десната страна.

Во второто полувреме речиси исто како во првото во играта. Рамнотежа има, но Динамо Киев користи уште една шанса во 86. минута. Ѓурковски стартуваше над еден противнички играч, и беше покажан пенал. Сигурно го реализираше Русин, и ги постави конечните 4:0.  

 

ВАРДАР – ДИНАМО К. 0:4 (0:3)

Стадион: Глорија Спорт Арена во Анталија.

Стрелци: 0:1 Бујалски 5’, 0:2 Сидорчук 7’, 0:3 Дуелунд 29’, 0:4 Русин (п) 86’

ВАРДАР: Гачевски (46’ Илиќ), Тошевски (65’ Реџепи), Најдовски (65’ Колевски), Новак (65’ Димоски), Мицевски (65’ Ѓурковски), Адем (34’ Младеновски), Брдаровски (65’ Велковски), Жуниор (65’ Игнатов), Аврамовски (65’ Наумчевски), Цветаноски (65’ Попзлатанов), Ибиши (65’ Омерагиќ).

ДИНАМО К.: Бусчан, Сидорчук, Кадири, Сол, Вивчаренко, Караваиев, Пивариќ, Забарњи, Буjалски, Кадири, Дуелунд.

Уште играа: Несшерет, Кеѕиора, Шабанов, Миколенко, Попов, Шепелев, Шапаренко, Сирота, Цитаишвили, Де Пена, Русин.

 

СТАТИСТИКА

ВАРДАР               ДИНАМО КИЕВ

5/2         удари/во            10/5

5              корнери              6

1              офсајди               2

11           прекршоци       10

1              ж. картони         2

0              ц. картони          0

0/0         пенали/реализирани  1/1

четврток, 23 јануари 2020