Вардар го победи тимот на Рогашка

Вардар ја совлада екипата на словенечкиот второлига НК Рогашка со 2:1 во претпоследниот натпревар на подготовките во Словенија. „Вардарци“ до триумфот дојдоа со голови во првиот дел, каде што имаа уште неколку стонастотни шанси да водат уште поубедливо, и уште тогаш да ја обезбедат победата.

Уште во 2. минута Колевски имаше шанса, но немаше среќа. Еден одбранбен играч блокираше и топката оди само во корнер. Две минути подоцна истиот фудбалер во уште подобра шанса. Излезе сам пред голот, го мина и голманот, ја упати топката кон мрежата, но во последен миг од самата гол линија топката беше исфрлена.

Се играше 10 минута кога голманот на Рогашка направи грешка, украде Игнатов кој додаде до Адем, а овој го проигра Колевски кој е сам, но неколку метри шутираше само покрај голот.

Во 20. минута шанса за Рогашка, меѓутоа блокираше Попзлатанов.

Вардар дојде во водство во 22. минута кога обидот за дриблинг на противничкиот голман заврши без успех. Краде Колевски кој додаде до Адем кој погоди во празниот гол.

Во 31. минута Рогашка израмни. Изведен корнер по што еден противнички играч со глава го совлада Илиќ.

Во 36. минута Вардар дојде до водство, што на крајот беше конечен резултат. Колевски украде една топка, излезе еден на еден со одбранбен играч, го мина, и шутираше прецизно во левиот долен агол.

Второто полувреме беше далеку посдржајно послабо од првото, односно двете екипи немаа изразити шанси, и резултатот остана непроменет.

ФОТОГАЛЕРИЈА ОД НАТПРЕВАРОТ

ВАРДАР - РОГАШКА       2:1 (2:1)

Стадион „Рогашка“ во Рогашка Слатина.

Стрелци за Вардар: 1:0 Адем 22’, 2:1 Колевски 36’

Ж. Картони: /

ВАРДАР: Илиќ, Попзлатанов, Младеновски, Наумчевски, Велковски, Адем, Димовски, Игнатов, Реџепи, Јусуф, Колевски.

Уште играа: Манасиевски, Ѓурковски, Омерагиќ, Андов, Трајчевски.

СТАТИСТИКА

ВАРДАР               РОГАШКА

11/6       удари/во            6/3

5             корнери              3

11           прекршоци        13

2             офсајди               1

0             ж. картони         1

Фото: Денис Дуковски

вторник, 30 јули 2019