Вардар подобар од Ак. Пандев, стрелаа Цветаноски и Петковски, Илиќ одбрани пенал

Вардар освои нови три бода во првенството. По победата над Борец во Велес, и денеска „црвено-црните“ го совладаа составот на Академија Пандев со 2:0, со головите на Цветаноски и на Петковски во вториот дел. Голем придонес во победата има и голманот Филип Илиќ кој на 1:0 одбрани пенал на противнкот. 

Мирен прв дел со по една шанса на двете страни, но мрежите мируваа. 

Најголемите возбудувања се случија во вториот дел, а во 53. минута Цветаноски по една супер соло акција по левата страна, погоди во мрежата на противникот. 

Следуваше пенал за Академија Пандев, откако Петровиќ стартуваше над Миловановиќ. Стоилов шутираше, меѓутоа Илиќ одлично одбрани. 

Казната стигна на другата страна. Одличен центаршут од левата страна, и супер обид на Петковски со глава, кој ја смести топката во левиот агол за 2:0 и за голема победа на Вардар. 

ВАРДАР – А.ПАНДЕВ 2:0 (0:0)

Национална Арена “Тодор Проески“ во Скопје. 

Судија: Крумислав Ѓорѓиев (Штип).

Стрелци: 1:0 Цветаноски 53’, 2:0 Петковски 84’(ВАР).

Ж. Картони: Цветаноски (ВАР), Миловановиќ, Димоски (А.ПАН).

Ц. Картон: Димоски 75. (А. ПАН).

ВАРДАР: Илиќ, Велковски, Цветаноски (86. Стојановски), Петковски (87. Гуџуфи), Лазаревиќ. Попзлатанов, Чарлстон (60. Величковиќ – Радуловиќ), Крстевски, Реџепи (51. Стојчевски), Петровиќ, Мартинага.

А. ПАНДЕВ: Алчевски, Димов, Илиев (88. Јованов), Николов (77. Талаков), Стоилов, Миловановиќ (66. Трапановски), Велиновски (66. Крстовски), Радески, Димоски, Серафимов (66. Пандев), Маслаќ.

сабота, 28 ноември 2020