Вардар почна со тренинзи во Словенија

Откако денеска претпладне стигнаа во Словенија, Вардарци денеска попладне го одржаа и првиот тренинг во Рогашка Слатина. 

На стартот стручниот штаб ги има на располагање сите фудбалери на тренинзите. Од утре (среда) екипата ќе тренира два пати на ден. 

Првиот пријателски натпревар ќе биде одигран во четврток, кога противник на екипата на Вардар ќе биде словенечкиот тим Дравиња кој доаѓа од Словенске Коњице. 

ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ДЕНЕШНИОТ ПРВ ТРЕНИНГ

понеделник, 15 јули 2019