Вардар - Пелистер 1:0 (КРАЈ)

КРАЈ! Вардар го совлада Пелистер во вечерашниот натпревар во кој што нашата навивачка група „славеше“ јубилеј - 30 години од своето постоење

90’+8 - Удар на Блажевски кој што повторно оди само над голот на противникот

90’+5 - Шут на Пеев од 16-17 метри, Алексовски одлично одбрани

90’+3 - Обид на Блажевски од 25 метри, топката оди за малку над пречката во гол аут

80’ - Најпрво Блажевски шутираше прецизно, Јовановски му го одбрани ударот, а потоа од левата страна упати незгодна топка која ја погоди пречката од голот на Пелистер

78’ - Одлично двојно проигрување меѓу Марковиќ и Итало, а вториот излегуваше сам пред голот, и во миговите кога требаше да реализира, беше изблокиран

69’ - Обид на Фелипе од дваесетина метри, топката оди во рамките од голот, но Јовановски одбрани

67’ - Замена во Вардар. На местото на Максимов, во игра е Итало

1:0 65’ - ГОООООООЛ! Вардар води во дуелот со Пелистер. Нафрлена топка од Фелипе на 6-7 метри, одбраната на Пелистер расчисти само до Велковски кој што со глава го проигра осамениот Муслиу, кој од 3-4 метри погоди со глава во мрежата на Јовановски

57’ - Барсегјан одкосо од десно упати добар удар, меѓутоа голманот Јовановски успеа да одбрани

46’ - Почеток на вториот дел

46’ - Прва замена во Вардар. На местото на Џигаури во игра е Барсегјан

КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ! После првиот дел Вардар и Пелистер играат без голови. И покрај неколкуте шанси на Вардарци, не успеаја да дојдат до водство. Одиме на триумф во вториот дел

34’ - Од слободен удар Блажевски се обиде по земја да го совлада Јовановски, голманот на Пелистер одлично одбрани

30’ - Фелипе се реши на шут од 25 метри, топката оди во голот, меѓутоа голманот Јовановски со крајни напори ја изби топката во корнер

27’ - Убав обид на Николов од дваесетина метри, но Јовановски го одбрани неговиот удар

8’ - Од левата страна Блажевски убаво продира и додава до Николов кој што не реализираше убава шанса. Неговиот шут заврши само над голот

1’ - Почеток на натпреварот

0’ - Вечерашниот дуел ќе го суди Александар Ставрев. Негови помошници ќе бидат Марјан Кировски и Дејан Костадинов

СОСТАВИТЕ НА ДВАТА ТИМА

ВАРДАР: 1. Алексовски, 5. Муслиу, 7. Џигаури, 9. Блажевски, 10. Николов, 14. Велковски, 16. Глигоров, 30. Тодороски, 32. Глишиќ, 70. Фелипе, 72. Максимов. 

РЕЗЕРВИ: 90. Гачевски, 8. Марковиќ, 11. Барсегјан, 21. Новак, 23. Демири, 33. Исени, 48. Итало. 

ПЕЛИСТЕР: 12. Јовановски, 3. Тошевски, 4. Тодоровски, 7. Љамчевски, 16. Ковачев, 17. Попзлатанов, 19. Кардосо, 21. Маркоски, 22. Трифуновски, 30. Пеев, 77. Петров. 

РЕЗЕРВИ: 1. Петровски, 5. Драгарски, 8. Силва, 23. Љамчевски, 27. Куајнор, 29. Жаделсон, 70. Цветановски. 

0’ - Добровечер од Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје каде што се игра вечното дерби помеѓу Вардар и Пелистер. Воедно, ова ќе биде натпревар во кој што нашата навивачка група „Комити“ ќе слави 30-ти роденден

недела, 19 ноември 2017