Вардар означи старт на летните подготовки, поддршка од фановите на првиот тренинг

Во тренинг кампот во Хиподром, фудбалерите на Вардар денеска стартуваа со летните подготовки за новата сезона. Под раководство на шефот на стручниот штаб Александар Васоски, играчите го одржаа првиот тренинг. 

На денешниот прв собир на екипата, присуствуваа и неколку фанови кои дојдоа да му дадат поддршка на Вардар. Фудбалерите и стручниот штаб им се заблагодарија за поддршката. 

Вардар на 17. јули заминува на подготовки во Словенија, во Рогашка Слатина, каде што ќе остане до 2. август. Таму ќе бидат одиграни и неколку контролни натпревари како дел од подготовките за идниот шампионат во домашното првенство. 

ФОТОГАЛЕРИЈА од првиот тренинг. 

сабота, 29 јуни 2019