Вардар одигра без голови со Црвена Звезда на четвртиот „тест“ во Анталија

Вардар против Црвена Звезда попладнево во Анталија одигра без голови. Во една израмнета игра, особено во првиот дел, голманот на нашиот тим имаше нешто повеќе работа за разлика од противничкиот чувар на мрежата, но на крајот и двата тима не реализираа, но ги сочуваа своите мрежи. 

Во текот на првиот дел во рамноправен меч, само една шанса за Црвена Звезда преку Петровиќ, но немаше реализација. 

Во вториот дел нешто поголема доминација на Црвена Звезда, но на висина на задачата нашата одбрана и голманот Гачевски. Томане погоди во стативата, истиот играч беше блокиран во една прилика, а Крстовиќ во финишот од средбата не реализираше прилика од 10-11 метри. Шутираше само над голот. 

Ова беше четврта контрола на Вардар, и прв пат одигра нерешено, откако во претходните три беше поразен од Хајдук, Динамо Киев и Бачка Топола. 

Следниот меч Вардар го игра со Борац Бања Лука од БИХ на 2. февруари. 

ВАРДАР - Ц. ЗВЕЗДА 0:0

ВАРДАР: Гачевски, Тошевски, Младеновски, Најдовски, Брдаровски, Леовигилдо, Мицевски, Димоски, Попзлатанов, Аврамовски, Ибиши. 

Уште играа: Велковски, Реџепи, Омерагиќ, Колевски. 

Ц. ЗВЕЗДА: Борјан, Гобељиќ, Панков, Бабиќ, Родиќ, Петровиќ, Вулиќ, Симиќ, Гарсија, Боачи, Павков. 

Уште играа: Васиљевиќ, Гајиќ, Дегенек, Милуновиќ, Конатар, Јованчиќ, Николиќ, Бен, Гавриќ, Вукановиќ, Крстовиќ, Томане. 

среда, 29 јануари 2020