Вардар одигра без голови со Беласица во Струмица

Вардар на гостувањето кај Беласица во Струмица одигра без голови. И покрај тоа што имаа неколку шанси, сепак, вардаровите играчи на крајот не го најдоа патот до мрежата. Најубавата прилика беше онаа на стартот од вториот дел кога домашните фудбалери од самата гол линија спасуваа водство на Вардар, можеби и победа на крајот. 

Во првиот дел 2-3 шанси за Беласица преку Балдовалиев и Ѓоргиев, но ударите беа непрецизни. Вардарци, пак, се заканија преку Фелипе, кој шутираше непрецизно. 

Во вториот дел Вардар ја имаше најдобрата шанса кога играчите на Беласица мораа да спасуваат од гол линијата. До крајот на мечот тренерот Александар Васоски се обиде и со освежувања и со поофанзивна формација да постигне гол, но на крајот реализација немаше. 

Ова е прво „реми“ на Вардар во пролетниот дел од сезоната. 

БЕЛАСИЦА - ВАРДАР  0:0

Стадион: „Младост“ во Струмица. 

Судија: Марјан Ецкоски (Охрид). 

Стрелци: /

Ж. Картони: Попзлатанов, Фелипе (В). 

БЕЛАСИЦА: Арабаџиев (1’ Вујанац), Милушев, Џонов, Мирчевски (46’ Савиќ), Горгиев, Митевски, Стојков, Дробаров, Серафимовски, Маслаќ, Балдовалиев (70’ Денковски), 

ВАРДАР: Гачевски, Манев, Најдовски, Новак, Фелипе, Мицевски, Брдаровски (69’ Тошевски), Жуниор (75’ Попзлатанов), Аврамовски, Лира, Ибиши (46’ Цветаноски)

 

недела, 10 март 2019