Вардар одигра без голови на дербито со Шкендија

На последниот меѓусебен меч во оваа сезона, Вардар и Шкендија одиграа натпревар во кој немаше голови. Мечот изобилуваше со неколку шанси на двете страни, Вардар беше поконкретен во вториот дел, но недостасуваше само реализација за да се дојде до триумф над тетовскиот тим.

Прв на средбата се закани Цветаноски во 6. минута кога од левата страна шутираше, а противничкиот голман одбрани. Во 18. минута Гачевски ја бележи првата одбрана по шутот на Жуниор, а на одбиената топка натрча Ибраими кој се обидува, но само над голот.

Во 38. минута Реџепи го брани обидот на Цветаноски, а кон крајот на првиот дел во шанса беше Фазли, но во последен миг блокираше Новак.

Во вториот дел само Вардар имаше две шанси. Најпрво Лира по центаршут на Тошевски со глава биеше само над голот, а потоа Манев се обиде исто така со глава во судиското надополнување, но топката профуче крај десниот дирек од голот на Шкендија, со што е пропуштена можност за гол и за триумф на ова дерби.

 

ВАРДАР - ШКЕНДИЈА     0:0

Стадион: „Борис Трајковски“ во Скопје.

Судија: Дејан Јакимовски.

Стрелци: /

Ж. Картони: Фелипе, Цветаноски, Мицевски, Лира (В) - Ибраими, Фазли, Мурати, Жуниор, Нафиу, Бојку.

ВАРДАР: Гачевски, Тошевски, Манев, Жуниор, Лира, Мицевски, Аврамовски (90’ Битанг), Цветаноски (75’ Ибиши), Новак, Најдовски, Фелипе.

ШКЕНДИЈА: Реџепи, Мици, Алими, Муслиу, Тотре, Фазли (82’ Бојку), А. Ибраими (90’ Радески), Садриу, Мурати, Жуниор, Имери (60’ Нафиу).

недела, 14 април 2019