Вардар од денеска ги продолжува подготовките во Словенија

Два дена порано од предвиденото, фудбалерите на Вардар денеска пристигнаа на подготовки во Рогашка Слатина (Словенија). 

Планирано е таму експедицијата на Вардар да остане до 2. август, кога ќе се врати во Скопје. Во Словенија, Вардарци ќе одиграат пет пријателски средби. 

Денеска вардаровите фудбалери ќе го одработат и првиот тренинг. 

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА ВАРДАР НА ПОДГОТОВКИТЕ ВО СЛОВЕНИЈА: 

18.07 - Вардар - Дравиња (Словенија)

23.07 - Вардар - Горица (Хрватска)

27.07 - Вардар - Ал Аин (Обединетите Арапски Емирати)

30.07 - Вардар - Рогашка (Словенија)

31.07 - Вардар - Касимпаша (Турција)

 

понеделник, 15 јули 2019