Вардар најдобар македонски клуб во историјата на Л.Ш. според УЕФА

Најдобриот македонски клуб Вардар, е најуспешен клуб од Македонија на сите времиња, објави денеска европската куќа на фудбалот УЕФА. 

Моментално „црвено-црните“ се наоѓаат на 144 позиција на ранкингот на УЕФА кој датира од 1955 година па до сега. Вардар во тој период има осум излези во Лигата на шампионите, одиграно 24 натпревари во најелитното европско натпреварување, со скор од пет победи, осум „ремија“ и 11 порази. Гол разликата на Вардар е 30 дадени и 40 примени голови.

Во Лигата на шампионите Вардар го направи најголемиот успех во 2003 година кога со елиминацијата на московска ЦСКА, се пласираше во третото квалификациско коло, што тогаш беше рунда пред пласман во групната фаза. 

Вардарци на оваа листа се најдоа пред неколку „звучни“ клубови како Волфсбург, Торино, Сампдорија, Херта, Ајнтрахт Франкфурт и други тимови. 

Вардар последен пат во ЛШ настапуваше минатата година кога го елиминираше Малме, а потоа наиде на Копенхаген, и само среќата спречи Вардарци да го повторат историскиот успех од 2003 година. Меѓутоа подоцна го направија најголемиот успех во Европа од своето постоење со пласманот во групната фаза од Лигата на Европа, што досега на ниту еден клуб од Македонија не му успеало. 

Целиот ранкинг во ЛШ на сите европски клубови кои некогаш играле во ова натпреварување, можете да ги видите на следниот ЛИНК. 

среда, 10 октомври 2018