Вардар ја совлада Беласица и им се врати на победите

Вардар по само едно коло пауза, им се врати на победите. По поразот минатата недела во Ѓорче Петров, денеска „црвено-црните“ беа подобри од Беласица со 3:1. 

Брзо водство на Вардар со голот на Мирчевски, кој успеа да го најде патот до мрежата. Петровиќ со глава во 16. минута зголеми на 2:0, и го поведе тимот на Вардар кон победата. 

Вардарци мирно играа, ја држеа топката, чекаа шанса за трет гол, но потоа еден удар на Да Силва заврши во голот на Илиќ, и Беласица успеа да намали. 

Сепак, Петковски во 79. минута се најде на вистинско место во вистинско време да зголеми на 3:1. После продорот на Цветаноски од лево, додаде до Петровиќ кој шутираше, а топката беше изблокирана, но стигна до Петковски кој што погоди рутинирано за 3:1. 

ФОТО: ПЕТР СТОЈАНОВСКИ

недела, 27 септември 2020