Вардар ја освои Струмица и стана есенски првак

Со триумфот во Струмица над Академија Пандев, Вардар и дефинитивно ќе ја мине зимската пауза на првата позиција на табелата. На едно коло до крајот ма есенскиот дел, Вардарци направија недостижна предност пред конкурентите.

Вардар со 0:3 го совлада Академија Пандев со головите на Аврамовски кој два пати погоди во првиот дел, а потоа во второто полувреме погоди и Брдаровски.

Во последното коло Вардар на домашен терен ја пречекува Шкендија.

недела, 1 декември 2019