Вардар и Ал Аин играа само едно полувреме, невремето не дозволи повеќе

Одново натпревар прекинат поради силно невреме на подготовките на Вардар во Словенија. После оној прв меч против Дравиња на кој беше означен крај во 60 минута, денешниот против светскиот вице-првак Ал Аин заврши на полувремето. До тогаш беше без голови, иако Вардар беше далеку подобар противник, поконкретен од својот противник. 

Вардар во првата шанса ја погоди стативата преку Ибиши, а потоа Цветаноски шутираше само крај голот на противникот. Се играше 22. минута кога Брдаровски упати прецизен удар, но голманот на Ал Аин беше сигурен и исфрли во корнер. 

Последната шанса ја има Ибиши во 24. минута кога шутира, но повторно голманот одбрани. 

Тимот од Обединетите Арапски Емирати немаше ниту една сериозна прилика во првиот дел. На полувремето почна силен дожд во Горња Радгона, па судиите и клубовите одлучија да стават крај на мечот. 

Вардар го почна мечот со овој состав: Гачевски, Тошевски, Новак, Серафимов, Жуниор, Најдовски, Мицевски, Аврамовски, Брдаровски, Цветаноски, Ибиши. 

Жолти картони добија Брдаровски и Жуниор. 

ФОТОГАЛЕРИЈА ОД НАТПРЕВАРОТ

Фото: Денис Дуковски

сабота, 27 јули 2019