Вардар го совлада Шкупи

Вардар со 1:0 го совлада составот на Шкупи, во натпреварот во 5. коло одигран на Националната Арена „Тодор Проески“. Стрелец на единствениот гол беше Матеј Цветаноски, но победата можеше и мораше да биде поубедлива, со оглед дека Вардарци пропуштија неколку прилики и во првиот, и во вториот дел. 

Во првото полувреме Вардар имаше и статива. Радуловиќ-Величковиќ немаше среќа при неговиот обид од 2-3 метри да ја спроведе топката во мрежата, а таа удри во дирекот и се одби во поле. Тоа беше најсериозната прилика за Вардар. 

Голот се случи во 52. минута кога Цветаноски одкосо од левата страна шутираше, и топката мина низ рацете на Наумовски, и заврши во мрежата. 

Потоа три стонастотни шанси за втор гол преку Мирчевски и Блажевски. Но обидот на Мирчевски заврши милиметри крај голот, а двата на Блажевски ги одбрани Наумовски. 

Сепак, на крајот важни три бода за Вардар за кого дебитираа новите имиња Милован Петровиќ, Чарлестон, Мартинага и Мартин Мирчевски. 

 

ВАРДАР – ШКУПИ           1:0 (0:0)

Национална Арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Судија: Константин Влахо.

Стрелци: Цветаноски 52’

Ж. Картони: Попзлатанов, Радуловиќ-Величковиќ, Цветаноски (В) – Исени (Ш).

ВАРДАР: Илиќ, Велкоски, Радуловиќ-Величковиќ, Мицевски, Колевски (69’ Петковски), Цветаноски, Лазаревиќ (61’ Мирчевски), Попзлатанов, Чарлестон, Петровиќ (61’ Мартинага), Најденов.

ШКУПИ: Наумовски, Глишиќ, Бериша (46’ Гудиаби), Исени, Адеми (69’ Адеми), Алварез, Кривањева, Дарбо, Билали (68’ Фарсак), Глигоров, Нето.

недела, 13 септември 2020