Вардар го совлада Работнички во пријателски натпревар

Вардар денеска на тренинг кампот во Хиподром, одигра пријателски натпревар против Работнички, и истиот го доби со резултат 2:1. 

После првиот дел немаше голови, а потоа Работнички успеа да дојде во водство со голот на Клисура. Сепак, Вардар не само што успеа да се врати, туку да направи пресврти со головите на Џемаил Ибиши и на Даниел Аврамовски од пенал. 

Натпреварот првично требаше да се одигра на теренот во Аеродром, но поради обилните врнежи и во договор со двата тима, беше одигран на тренинг кампот на ФК Вардар во Хиподром. 

среда, 10 јули 2019