Вардар го победи Силекс и се искачи на лидерското место!

Низ целосна доминација во текот на сите 90. минути, Вардар дојде до триумф над Силекс, со кој се искачи на првото место на табелата по 7. одиграно коло во сезоната 2019/2020. „Црвено-црните“ победникот го решија уште во првиот дел, кога ги постигнаа сите три кола, а потоа во вториот дел мудро го сочуваа резултатот и дојдоа до три бода, до петтиот триумф по ред.

Водство на Вардар му донесе Жуниор во 22. минута. По нафрлена топка од десната страна, бразилскиот интернационалец од прва со десната нога ја смести топката во долниот лев агол од голот на Силекс.

Во 38. минута веќе беше 2:0 кога по нафрлена топка од корнер, Аврамовски со глава го совлада Божиновски. На 3:0 зголеми Мицевски откако успешно го реализираше пеналот кој го изнуди Брдаровски.

Во вториот дел уште некоја шанса за поубедливо водство на Вардар, а одбраната на нашиот тим и голманот Гачевски ја сочуваа мрежата чиста, петти пат во седмиот меч сезонава.

ВАРДАР - СИЛЕКС           3:0 (3:0)

Национална Арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Судија: Марјан Гоцевски (Струмица).

Стрелци: 1:0 Жуниор 22’, 2:0 Аврамовски 38’, 3:0 Мицевски 43’ (п)

Ж. Картони: /

ВАРДАР: Гачевски, Тошевски, Најдовски, Жуниор (68’ Велковски), Мицевски, Аврамовски (74’ Колевски), Цветаноски, Новак, Попзлатанов, Серафимов, Брдаровски (61’ Адем).

СИЛЕКС: Божиновски, Благојевиќ, Грозданоски (57’ Додев), Ивановски, Жеравица, Костовски, Серафимовски, Грозданоски, Митревски (46’ Јусуф), Тимовски, Коцев (46’ Карчески).

недела, 22 септември 2019