Вардар го одработи официјалниот тренинг на „Вазген Саргсјан“

Вардарци попладнево го одржаа официјалниот тренинг на стадионот „Вазген Саргсјан“ во Ереван, пред утрешниот натпревар со Пјуник. 

„Црвено-црните“ на топлото време во главниот ерменски град, ги воигруваа последните варијанти пред утрешниот меч во рамките од 1. квалификациско коло од Лигата на Европа. Воедно, Вардарци имаа можност за прв пат да тренираат на стадионот каде што ќе го играат мечот. 

Дуелот започнува утре во 16 часот по македонско време. Погледнете ја целата фотогалерија од официјалниот тренинт на нашиот тим во Ерменија. 

ФОТОГАЛЕРИЈА>>

среда, 11 јули 2018