Вардар го доби шампионскиот пехар, па потоа „ремизираше“ со Работнички

Вардар денеска го доби заслужениот шампионски пехар. После прекинатата сезона, во која Вардарци завршија како првопласирани, денеска „црвено-црните“ ја добија круната, 12-та во историјата на клубот. 

А, потоа се одигра и четвртиот натпревар сезонава, во кој Вардар имаше водство од 1:0 против Работнички, но на крајот мораше да се задоволи со бод. 

Вардарци во првиот дел испуштија неколку убави можности уште во првите 45. минути да се стекнат со водство. До него стигнаа во 59. минута. Акција преку Блажевски, Петковски и реализација на Мицевски во горниот десен агол. 

Но, во 76. минута Станковски успеа да израмни по нафрлување од прекин од левата страна. 

Ова беше првиот нерешен резултат за Вардар сезонава, по два порази и една победа. 

сабота, 29 август 2020