Вардар ги загуби сите шанси за прволигашки опстанок

Нема повеќе шанси за прволигашки опстанок на Вардар. „Црвено-црните“ денеска со поразот во Струга, и дефинитивно идната сезона ќе играат во Втората лига. Ова е еден од најтешките денови во историјата на клубот. 

Струга Т.Л. го совлада нашиот тим минимално со 1:0, а Вардар не дојде до посакуваниот резултат кој ќе значеше надеж за останување во прволигашката конкуренција. 

Вардар нема шанси за никаков прогрес од претпоследното место на табелата, и сега само останува да се одигра и последното коло во оваа сезона против Македонија ЃП, а потоа веднаш да се превземат чекори за брзо враќање на тимот онаму каде што му е местото на најтрофејниот македонски тим. 

недела, 9 мај 2021