Вардар ги стартува подготовките во сабота

Летните подготовки екипата на Вардар ќе ги стартува во сабота кога ќе биде одржана првата прозивка. Првиот тренинг е закажан за 18 часот во тренинг кампот во Хиподром. 

Екипата на „црвено-црните“ ќе се подготвува за новата сезона во домашниот шампионат на својот тренинг камп, на 17-ти јули е планирано екипата да замине на подготовки во Рогашка Слатина, Словенија. Таму експедицијата останува до 2-ри август, и ќе одигра неколку интернационални пријателски натпревари. 

Во следните неколку дена ќе следуваат дополнителни информации за текот на подготовките, како и за противниците за контролните мечеви кои ќе бидат одиграни во Словенија. 

четврток, 27 јуни 2019