Вардар ги почна подготовките „под палката“ на Никола Илиевски - Џиџи

Екипата на Вардар денеска ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од сезоната. Иако сезоната стартува престојниот викенд, поради неизвесната ситуација во клубот, со подготовки се започна подоцна од планираното. 

Вардар добија нов шеф на стручниот штаб во името на искусниот стратег Никола Илиевски - Џиџи. Илиевски во 2013 година беше на кормилото на нашиот клуб.

Од играчкиот кадар, од минатосезонскиот кадар од поискусните играчи останаа Филип Илиќ, Дејан Блажевски, Филип Петковски, Бојан Најденов, Виктор Велкоски, дополнети и со млади играчи од Академијата на „црвено-црните“. Сите заедно ќе треба да го понесат товарот за вториот дел од сезоната. 

Исто така екипата доби нов стручен штаб сочинет главно од вардарови легенди. Помошници на Илиевски ќе бидат поранешните капитени на Вардар, Бобан Грнчаров, Златко Таневски, Никола Глигоров, Филип Ивановски, тренер на голманите останува Саша Илиќ, додека за кондициската подготовка ќе биде задолжен Михајло Шејкероски. 

Првиот тренинг беше одржан на теренот на Фудбалската Академија на Вардар во Градски парк. Претходно беа направени тестови за Ковид-19. 

Фото: ФК Вардар/Денис Дуковски

среда, 10 февруари 2021