Вардар е првиот кој со "цел плен" се враќа од Велес

Вардар ги освои трите бода од гостувањето кај Борец во Велес, и стана првиот тим кој со победа се враќа од ова гостување сезонава.

Единственот гол беше дело на Аврамовски во 33. минута од средбата после едно убаво додавање од Адем кон Цветаноски кој во првиот обид не успеа, но во вториот Аврамовски ја спроведе топката во голот.

И пред голот Вардар имаше две добри шанси за порано откривање на резултатот, но немаше реализација.

Во вториот дел Вардар сакаше со втор гол да ја запечати победата но не успеа.н

 Најдобрата шанса ја имаше токму Аврамовски кој излезе сам пред голот на Борец но шутираше само крај голот.

Вардарци имаат одличен почеток на пролетниот дел со две победи од два меча.

сабота, 22 февруари 2020