Вардар два пати водеше со Пелистер, гостите се спасија во финишот

Вечното дерби помеѓу Вардар и Пелистер заврши без победник 2:2. Штета! Вардар можеше да дојде до трите бодови, затоа што имаше два пати водство, а гостите во 79. минута стигнаа до погодок и до еден бод од овој натпревар.

Вардар одлично го стартуваше натпреварот, со водство. Во 3. минута долга топка до Петковски, кој што го користи недоразбирањето во одбраната на противникот, и од 20 метри погодува во празната мрежа, стигнувајќи ја топката пред голманот Талески да интервенира.

Сепак, во 22. минута израмнување. Пејаковиќ од само 2-3 метри ја смести топката во мрежата, по мешаницата која се создаде по нафрлена топка, која беше одбиена од дефанзивата.

Вардар на стартот од вториот дел дојде и до 2:1. Мирчевски упати прецизен удар во левиот агол од голот на Пелистер за ново водство. Долго време Вардарци имаа водство, а потоа во 79. минута Маневски постигна гол успеа да израмни и да донесе бод за својот тим.

 

ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР      2:2 (1:1)

Национална Арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Судија: Александар Ставрев:

Стрелци: 1:0 Петковски 3’, 1:1 Пејаковиќ 22’, 2:1 Мирчевски 47’, 2:2 Маневски 79’

Ж. Картони: Гугуљанов, Лазаревиќ (В) – Пејаковиќ, Спиркоски, Кочоски (П).

ВАРДАР: Илиќ, Гугуљанов (60’ Д. Велковски), Велкоски, Радуловиќ-Величковиќ, Петковски, Блажевски (86’ Стојановски), Ѓурковски, Лазаревиќ, Крстевски, Мирчевски (73’ Парталко), Најденов.

ПЕЛИСТЕР: Талески, Илиевски, Спиркоски, Бошковски (73’ Фазлију), Кочоски, Николовски (56’ Гоудиаби), Пејаковиќ, Размоски (46’ Маневски), Талевски (56’ Илијовски), Илиески, Алдаир.

ФОТО: Петр Стојановски

недела, 21 февруари 2021