Вардар доби поддршка од учениците од „Васил Антевски - Дрен“

Дел од вардаровите фудбалери, денеска беа во посета на средното училиште „Васил Антевски - Дрен“ во скопската населба Кисела Вода. Петмина играчи имаа можност да се дружат, фотографираат и да делат автограми на децата на ова училиште, кои покажаа голем интерес. 

Тие му ја дадоа поддршката на Вардар пред натпреварите во Лигата на Европа, и останатите домашни и Куп мечеви. 

Присуството на Вардарци, учениците го искористија да направат фотографии со своите идоли во ова училиште. 

Еве низ неколку фотографии како изгледаше денешната посета на дел од играчите во ова средно училиште во Скопје, а целата фотогалерија на следниот ЛИНК

 

вторник, 12 септември 2017