Вардар денеска во 18 часот почнува со подготовките

Во тренинг кампот во Хиподром, денеска од 18 часот Вардар ги стартува подготовките за новата сезона 2020/2021. 

Првата прозивка ќе ја изврши тренерот Александар Васоски, а тимот ќе претрпи промени во ростерот, за кои ФК Вардар ќе информира во следните денови. 

Вардарци ќе имаат десетина дена да се подготват за првиот натпревар од сезоната, против Борец кој е предвиден да се игра на 9. август.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НОВИНАРИТЕ И ФОТОРЕПОРТЕРИТЕ: Сите кои ќе сакаат да присуствуваат на денешниот тренинг во тренинг кампот во Хиподром, ќе мора да се придржуваат на сите здравствени мерки. Најпрво ќе треба да се идентификуваат, а потоа задолжително носење на маска, држење на дистанца, и никаков контакт со играчите, стручниот штаб и вработените во кампот. Ќе може да се присуствува само во првите 15 минути од тренингот, во кои ќе биде дадена изјава од стручниот штаб и од член на раководството на екипата. 

среда, 29 јули 2020