Вардар денеска со вечно дерби и дуелот со Пелистер го отвора пролетниот дел

Вардар со вечното македонско дерби, односно со дуелот со Пелистер, го отвора пролетниот дел од сезоната. Натпреварот се игра попладнево во 14 часот. 

Овој дуел требаше да биде одигран минатата недела, но поради големите врнежи од снег, дуелот беше одложен за денеска, па Вардарци го искористија периодот да заминат на мини подготовки во Охрид, и така да имаат повеќе време да се подготват за овој натпревар. 

Вардарци пред овој дуел ја имаа поддршката од навивачите, кои во петокот направија „фешта“ на стадионот, и му посакаа среќа на вардаровиот тим низ пролетниот дел од сезоната. 

Екипата ќе ја предводи Никола Илиевски - Џиџи, а со него во стручниот штаб ќе бидат легендите на нашиот клуб, Златко Таневски, Никола Глигоров, Бобан Грнчаров, тренер на голмани ќе биде Саша Илиќ, а кондициски тренер Михајло Шејќероски. 

недела, 21 февруари 2021