Вардар денеска против Скопје на „Железарница“

Во рамките од 23. коло од Првата лига, денеска во 14 часот, Вардар ќе гостува на стадионот „Железарница“ на екипата на Скопје. 

Сезонава натпреварите со овој противник завршија 1:1 на гости, и победа на „црвено-црните“ од 3:0 на свој терен. 

Дуелот ќе го суди арбитарот Марјан Гоцевски од Струмица. За сите информации околу составот на Вардар, околу тоа каде ќе може да го следите натпреварот во живо, и како ќе се одвива текот на мечот, ќе може да се информирате на нашата официјална интернет страница. 

недела, 11 март 2018