Вардар - Ак. Пандев 3:1 (КРАЈ)

КРАЈ НА НАТПРЕВАРОТ! Вардар го совлада составот на Академија Пандев со 3:1 со двата гола на Хамбарџумјан и на Блажевски. 

3:1 92’ - ГОООООООЛ! Уште еден прекрасен гол на Хамбарџумјан. Од 26-27 метри се реши на шут кој што заврши во горниот лев агол од голот на Вујанац

83’ - Хамбарџумјан убаво се ослободи од својот чувар, упати удар кој што оди само во надворешниот дел од мрежата

82’ - Стојков го проигра Хамбарџумјан кој што упати прецизен удар, но одбрани Вујанац. Од одбиената топка Стојчевски упати шут кој што оди над голот

71’ - Фелипе од 25 метри се реши на удар, топката ја погоди пречката од голот на Вардар, се одби на гол линијата и излезе во поле

2:1 58’ - Јани Атанасов е прецизен од белата точка

57’ - Грифони се најде во добра позиција на 14-15 метри од голот, на него стартува Дарко Велковски со што судијата Ецкоски покажа на белата точка

46’ - Почеток на второто полувреме

КРАЈ НА ПРВИОТ ДЕЛ! Вардар има водство над Академија Пандев со 2:0 на полувремето, и голема шанса да дојде до победа на овој меч. 

2:0 33’ - ГООООООЛ! После акција на Блажевски од лево, во обидот да спаси корнер Вујанац ја изби топката само до Хамбарџумјан, кој што од 25 метри се реши на удар, и беше прецизен во горниот десен агол

32’ - Од левата страна обид на Мишев кој што оди за малку крај голот на Вардар

25’ - Продор на Тодороски по десно, додаде до Итало кој што шутира од прва, но Вујанац со пад во нозе спаси сигурен погодок

1:0 19’ - ГОООООООЛ! Блажевски одкосо од лево се реши на удар, топката незгодно скокна пред голманот на Академија Пандев, и заврши во мрежата на противникот

14’ - Хамбарџумјан испрати одлична топка до Итало кој што излезе сам, но многу чекаше, и не упати удар, а одбраната на Академија Пандев расчисти

9’ - Фелипе кратко го проигра Блажевски кој што упати удар по земја, но истиот беше одбранет од Вујанац

8’ - После двојното проигрување меѓу Хамбарџумјан и Итало, првиот упати прециен удар кој што го одбрани Вујанац

3’ - Нафрли Блажевски од корнер, а обидот на Хамбарџумјан на првиот дирек оди само во пречката од голот на гостите, и топката заврши во гол аут

1' - Почеток на натпреварот

0’ - Ховханес Хамбарџумјан го игра својот 100-ти официјален натпревар во дресот на Вардар

0’ - Судија на денешниот меч ќе биде Марјан Ецкоски од Охрид

СОСТАВИТЕ НА ТИМОВИТЕ

ВАРДАР: 90. Гачевски, 5. Муслиу, 8. Марковиќ, 9. Блажевски, 11. Барсегјан, 14. Велковски, 19. Хамбарџумјан, 22. Стојчевски, 30. Тодороски, 48. Итало, 70. Фелипе. 

РЕЗЕРВИ: 1. Алексовски, 16. Глигоров, 17. Стојков, 21. Новак, 23. Демири, 72. Максимов, 97. Петковски. 

АК. ПАНДЕВ: 1. Вујанац, 2. Јованов, 3. Атанаскоски, 4. Димов, 7. Иванов, 8. Стоилов, 9. Мишов, 10. Атанасов, 22. Грифони, 28. Балдовалиев, 77. Чешмеџиев. 

РЕЗЕРВИ: 12. Денковски, 11. Бовен, 15. Петриќ, 16. Ганчев, 17. Крстовски, 20. Марков, 98. Михаилов. 

0’ - Добар ден од Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје каде што Вардар го игра заостанатиот натпревар од 17. коло од ПМФЛ против Академија Пандев

недела, 10 декември 2017