Убедлив пораз од Зенит на стартот во Лигата на Европа

На првиот натпревар од групната фаза во Лигата на Европа, Вардар убедливо беше поразен од Зенит. Вечерва на Националната Арена „Филип Втори“, рускиот тим беше подобар противник, и заслужено си заминува со трите бода. Зенит ја оправда фаворитската улога и стигна до победа. Тоа е прва екипа која што со бодови си замина од Скопје. Уште во првото полувреме со трите гола во мрежата на Гачевски, Зенит се доближи до триумфот.

Во шестата минута Вардар имаше негатива. Изведе корнер Нобоа од десната страна на првата статива каде што Кокорин со глава погоди во мрежата. Осум минути подоцна добра шанса за Зенит и повторно Кокорин, но овој пат одбраната, односно Грнчаров изблокира, и топката оди за малку крај голот.

Се играше 21-та минута кога Кокорин по втор пат се запиша во листата  на стрелците. Полоз од левата страна му нафрли на голгетерот на Зенит, кој што повторно со глава успеа да донесе 20. Следната посериозна шанса Зенит повторно ја претвори во гол. Во 39. минута Кокорин излезе сам пред голот, додаде до Дзјуба кој што стрелаше во празната мрежа. Со 0:3 се заврши првото полувреме на натпреварот.

Во второто полувреме нешто подобра игра на Вардар кој што почна да се заканува по голот на Зенит. Николов прсе закани со волеј удар, но одбрани Лунев. Истиот играч беше изблокиран во 50. минута од одбраната на руската екипа, и топката отиде во корнер. Минута подоцна Барсегјан се обиде, топката оди крај голот.

Зенит постигна четврти гол во 66. минута. После нафрлување од десната страна, и одбиената топка на Гачевски, Ивановиќ од 7-8 метри успеа да погоди. Следуваа неколку обиди на Вардар преку Фелипе, Николов, но сето тоа беше непрецизно или Лунев лесно бранеше.

Пред самиот крај на натпреварот, Ригони доби топка, излезе сам пред голот, и успеа со ефектн гол да го заокружи овој резултатот на овој меч.

Следното коло во Лигата на Европа Вардар има гостување во Трондхајм кај Розенборг на 28-ми септември.

 

ВАРДАР - ЗЕНИТ              0:5 (0:3)

Национална Арена „Филип Втори“ во Скопје. Гледачи: 15.000.

Судија: Јакоб Келет (Данска).

Стрелци: 0:1 Кокорин 6’, 0:2 Кокорин 21’, 0:3 Дзјуба 39’, 0:4 Ивановиќ 66’, 0:5 Ригони 89’

Ж. Картони: Фелипе, Итало (В).

ВАРДАР: Гачевски, Хамбарџумјан, Грнчаров, Велковски, Брдаровски (44’ Глишиќ), Глигоров (64’ Муслиу), Николов, Фелипе, Џигаури, Блажевски (70’ Итало), Барсегјан.

ЗЕНИТ: Лунев, Кришито, Ивановиќ (78’ Терентјев), Мевлја (82’ Жирков), Мамана, Кузјаев, Краневитер, Нобоа, Кокорин (64’ Ригони), Дзјуба, Полоз.

 

СТАТИСТИКА

ВАРДАР               ЗЕНИТ

47%        посед на топка                53%

5              корнери              4

10/5       удари/во            9/5

2              ж. картони         0

0              ц. картони          0

0              пенали                0

 

ГРУПА „Л“, РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО

Р. Сосиедад - Розенборг             4:0

Вардар - Зенит 0:5

ТАБЕЛА:

1. Зенит               1              1              0              0              5:0          3

2. Р. Сосиедад  1              1              0              0              4:0          3

3. Розенборг     1              0              0              1              0:4          0

4. Вардар            1              0              0              1              0:5          0

ИДНО 2. КОЛО (28.09.2017)

Розенорг - Вардар

Зенит - Р. Сосиедад

 

четврток, 14 септември 2017