Убедлив пораз на Вардар во Кратово

Вардар е убедливо поразен во Кратово од Силекс, во натпревар од 26. коло во Првата лига, со кој „црвено-црните“ се најдоа на претпоследната позиција на табелата.

Пораз од 6:0 со три гола на Ристов, и три на Ѓорѓиев. Ристов ги постигна головите во 3. минута, потоа во 15-тата, па во 53-тата, а Ѓорѓиев во 62, 71 и 83-та минута. 

Вардар во вториот дел имаше само неколку шанси, после кои не успеа да реализира и барем да го ублажи овој убедлив пораз. 

Следното коло уште една битка за опстанок за „црвено-црните“. Во Скопје гостува тимот на Ренова. 

 

недела, 11 април 2021