Убедлив, но контроверзен пораз на Вардар од Шкендија

Вардар загуби од Шкендија со 1:5. Убедлив, но и крајно контроверзен пораз на нашиот тим во дуелот со тетовскиот тим. Зошто? Затоа што не беа досудени два пенали, а еден гол на противникот беше постигнат од офсајд. 

Оваа фотографија погоре е моментот кога Мирчевски беше фаулиран во шеснаесетникот. Се гледа како противничкиот играч го држи нашиот фудбалер во обидот да стигне до топката, но прекршок нема. Уште еден пенал не беше досуден, а потоа третиот гол на Шкендија е од офсајд.

Еве доказ - фотографијата подолу. Горниот играч му ја додава топката на долниот заокружен, иако со неа не игра долниот играч, туку чисти еден од одбранбените играчи на Вардар, и топката стигна до Ибраими кој погоди. Чист офсајд, но не и за судиите. 

Сега за мечот. Вардар одлично отвори. Во 12. минута по добра акција, Попзлатанов од 10-11 метри носи водство. Следува израмнување на Шкендија преку Рамадани кој во 15. минута прецизно погоди во левиот агол. 

После една добра акција, Ахмеди од левата страна во 40. минута направи пресврт и на полувреме се замина со 1:2. 

Ибраими во 61. минута го постигна тој контроверзен гол, во кој Ахмеди беше во офсајд, иако топката не стигна до него, сепак, беше упатена, а тој се најде во недозволена ситуација, и судиите мораше да покажат недозволена позиција. 

Тотре го постигна четвртиот гол, а потоа Ахмеди од пенал ги постави конечните 1:5. 

сабота, 17 октомври 2020