Младински категории: Три победи и едно „реми“ на стартот

Младинскиот тим на Вардар низ целосна доминација на теренот, успеа да го совлада својот ривал Македонија Ѓорче Петров со убедливи 5:1. И покрај малите проблеми пред крајот на првиот дел кога противникот израмни на 1:1, сепак, избраниците на Андовски на крајот успеаја да дојдат до триумф. Три гола на овој меч постигна Џемал Ибиши, додека по еднаш погодија Давид Велковски и Мустафа Јусуф. За младинската екипа играа: Велковски, Радевски, Антовски, Младеновски, Наумчески, Адем, Ибиши, Бериша, Велковски, Реџепи и Димоски. Во вториот дел влегоа: А. Младеновски, Пешевски, Петковски, Јусуф и Тасев.

Кадетите на Вардар со 3:1 славеа триумф над Македонија Ѓорче Петров. Уште по првиот дел беше 2:0 со головите на Ристовски и на Османи. „Лавовите“ успеаја да намалат, а пред крајот на средбата точка на победата стави Игнатов. Тренерот Златко Таневски сметаше на следните играчи: Андов, Зендели, Мирчевски, Митревски, Бојковски, Манасиевски, Игнатов, Ристовски, Османи, Андоновски, Ѓурковски. Во вториот дел добија шанса Хасановиќ, Цури, Спировски, Рушити.

Пионерската екипа на гостувањето во Ѓорче Петров одигра 1:1. Македонија дојде до предност во 27. минута, а потоа Омерагиќ на стартот од вториот дел успеа да израмни, и да го постави конечниот резултат. За Вардар на оваа средба играа: Величковски, Петејчук, Салиу, Гугуљанов, Костовски, Крстевски, Демири, Радуловиќ-Величковиќ, Омерагиќ, Речица, Хасани. Уште играа: Трајановски, Исени, Фазљиу, Асани, Давидоски.

Помладите пионери со триумф го стартуваа новиот шампионат. Тие со убедливи 3:0 ги совладаа своите врсници од тимот на Македонија Ѓорче Петров. Стрелци на головите за Вардар беа Алими, Јовановски и Георг Стојановски. Вардарци настапија во состав: Стојковски, Јовановски, Давков, Стојчевски, Ѓоргоски, Сељанац, Алими, В. Стојановски, Г. Стојановски, Мирков, Андрески. Уште играа: Прелоговски, Живков, Ќосески, Ѓорѓиевски, Петрушевски, Јовчев и Тасевски.

понеделник, 3 септември 2018