Три гола во вториот дел за победа на Вардар над Струга

Со три гола во второто полувреме, Вардар беше подобар од екипата на Струга во 5. одиграно коло во Првата македонска лига. Жуниор на два пати и еднаш Најдовски беа стрелците на головите за нашата екипа, со која дојде до третиот триумф по ред во најелитното македонско натпреварување. 

По првиот дел немаше голови, но немаше и некои изгледни шанси. 2-3 полушанси на Вардар, а на другата страна одбраната на „црвено-црните“ одлично реагираше при секој обид на Струга да се закани по голот на Гачевски. 

Во второто полувреме Жуниор во 59. минута го најде патот до мрежата после една добра акција по левата страна. Истиот фудбалер ја зголеми предноста во 67. минута. На 3:0 по една одлична акција зголеми Најдовски, откако несебично беше проигран од Цветаноски. 

Предноста можеше да биде поубедлива ако беа искористени шансите кои ги направи Вардар до крајот на мечот. 

Следното коло Вардар игра како гостин на Чаир кај Шкупи. 

ФОТОГАЛЕРИЈА

 

ВАРДАР - СТРУГА ТЛ    3:0 (0:0)

Национална Арена „Тодор Проески“ во Скопје. Гледачи: 500

Судија: Марјан Гоцевски (Струмица). 

Стрелци: 1:0 Жуниор 59’, 2:0 Жуниор 67’, 3:0 Најдовски 80’

Ж. Картони: Новак (В) - Шеји, Џаке, Кочоски (С). 

ВАРДАР: Гачевски, Тошевски, Најдовски, Жуниор, Мицевски, Колевски (46’ Цветаноски), Аврамовски, Новак, Серафимов, Адем (46’ Попзлатанов), Брдаровски (81’ Игнатов). 

СТРУГА ТЛ: Ѓуриќ, Шеји (63’ Рамадани), Цаке, Таири, Кировски, Лена, Кочоски, Драгарски, Алити, Цветаноски (75’ Јахја), Мустафов (87’ Далчески). 

сабота, 14 септември 2019