Тошевски повикан во репрезентацијата на Македонија

Фудбалерот на Вардар, Кристијан Тошевски е повикан за репрезентацијата на Македонија за натпреварите со Словенија и со Полска во квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2020 година. Тој е единствениот играч од нашиот тим кој доби повик во националниот тим на Македонија. 

Претходно повик за селекцијата до 21 година на Македонија доби и стоперот Никола Серафимов. 

четврток, 3 октомври 2019