Тодороски одигра цел меч за младата селекција на Македонија

Фудбалерот на Вардар Тодор Тодороски, беше дел од младата репрезентација на Македонија целиот натпревар денеска против Ерменија одигран на тренинг комплексот „Петар Милошевски“ во Скопје. 

Бекот на Вардар во 35. минута доби жолт картон во мечот кој што заврши нерешено 3:3. 

Со тоа и Тодороски ги заврши настапите со селекцијата, и се очекува во следните денови да се врати во тренажен процес на Вардар и да се подготвува за натпреварот со Шкупи престојниот викенд. 

Претходно со настапи во своите селекции завршија и Кристијан Тошевски и Тигран Барсегјан. 

вторник, 11 септември 2018