Тимот на Вардар кој ќе настапи против Марибор

Одреден е составот на „црвено-црните“ за денешната трета пријателска средба против Марибор. 

На голот на нашиот тим како и вчера, така и на овој меч ќе биде Филип Гачевски. Во одбраната ќе играат Тодор Тодороски како десен бек, Кристијан Тошевски и Горан Попов како стопери, и Фитор Реџепи како лев бек. Во средниот ред Кларенс Битанг, Дарко Мицевски и Виктор Јуфо. Во нападот на нашата екипа денеска против Марибор ќе настапат Матеј Цветановски, Тигран Барсегјан и Бојан Колевски. 

На клупата шанса за настап ќе чекаат Игор Алексовски, Алекс Талески, Филип Најдовски, Јован Попзлатанов, Никола Серафимов, Вања Марковиќ, Јакуп Бериша и Владица Брдаровски. 

Натпреварот можете да го следите во живо на нашиот youtube канал, како и на нашата официјална интернет страница. 

четврток, 21 јуни 2018