Ти благодариме Бобан Николов!

Бобан Николов не е повеќе дел од тимот на Вардар. Фудбалерот од средниот ред својата кариера ќе ја продолжи во унгарскиот прволигаш Видеотон. Преговорите помеѓу двете екипи во изминатите неколку дена дадоа плод, и досегашниот играч на нашиот тим ја прифати понудата од својот нов тим.

Фудбалскиот клуб Вардар му посакува на Николов многу среќа во новиот клуб, и воедно му се заблагодарува за својот придонес во изминатите две и пол години, колку што мина во таборот на „црвено-црните“. Благодариме за освоените две последни титули, и за меѓународниот историски успех во кој што и самиот Николов даде свој „белег“ постигнувајќи голови против Малме на двата натпревари во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите, што донесоа пласман во следната рунда во најелитното европско натпреварување. За нашиот тим Николов одигра на 83 официјални натпревари, притоа постигнувајќи 11 голови. 

Николов е поранешен член на младинската селекција која ја предводеше како капитен на Европското првенство во Полска 2017 година, а во меѓувреме стана и стандарден член на сениорскиот национален тим на Македонија. 

Ти благодариме Бобан, и со среќа во понатамошната кариера!

петок, 19 јануари 2018