Тешко е да се игра со играч помалку, Вардар поразен од Ренова

Вардарци денеска го претрпеа вториот пораз по ред на гостувањата во Тетово. Денеска „црвено-црните“ беа поразени од Ренова со 3:0. Со играч помалку беше тешко да се игра, откако судијата одлучи да го исклучи Величковиќ и да досуди пенал за домашните при резултат 1:0. 

Првиот гол падна во 21. минута кога по една акција од левата страна и додавањето го искористи Шефити за да погоди во мрежата. Во 27. минута пенал за Ренова и исклучување за Величковиќ. Ударот од белата точка го реализираше Селмани за 2:0. 

Во вториот дел на 3:0 зголеми Селмани во 55. минута. 

Тренерот Никола Илиевски - Џиџи речиси во целиот тек на мечот се соочуваше со проблеми. Покрај вториот гол и играчот помалку, мораше и да менува поради повредата на Парталко, а на полувремето поради повреда во соблекувалната остана и капитенот Дејан Блажевски. 

Вардар имаше свои шанси преку Најденов и Мирчевски во првиот дел, и на Петковски во вториот дел. 

среда, 3 март 2021