Табели на сите младински категории

Изминатиот викенд неколку Вардарови младински категории имаа првенствени настапи во своите шампионати. Младинците забележаа убедлив триумф над своите врсници од Пелистер со 5:0. Триумф на кадетската екипа која што со 3:0 го совладаа својот ривал од Битола. 

Пионерите, пак, доживеаја пораз од 1:0 на гостувањето во Битола, додека помладите пионери беа поразени исто така од Пелистер на гости со 2:0. 

Триумф забележа екипата 2003 година која што го стартуваше пролетниот дел од шампионатот онака како што го заврши есенскиот - со триумф. Оваа Вардарова генерација го совлада својот противник Македонија ЃП со 9:2, и со 100% ефект е првопласиран на табелата. Генерацијата 2002 година, пак, на неофицијалниот натпревар со Академијата на ФФМ 2003 година „ремизираше“ играјќи 1:1. 

Младинската екипа и натаму е првопласирана со два бода предност пред своите ривали. Кадетите заостануваат само еден бод од првото место, додека пионерската екипа со двата порази во пролетниот дел се спуштија на третото место, но и натаму во битка за највисок пласман и за одбрана на титулата. Помладите пионери се на 7. позиција. Генерацијата 2003 година, пак, е првопласирана без конкуренција со 11 победи од 11 натпревари. 

Еве ги комплетните табели на сите помлади генерации: 

СУПЕР ЛИГА МЛАДИНЦИ:

СУПЕР ЛИГА КАДЕТИ:

СУПЕР ЛИГА ПИОНЕРИ: 

СУПЕР ЛИГА ПОМЛАДИ ПИОНЕРИ: 

СКОПСКО-КУМАНОВСКИ РЕГИОН, ГЕНЕРАЦИЈА 2002:

СКОПСКО-КУМАНОВСКИ РЕГИОН, ГЕНЕРАЦИЈА 2003:

понеделник, 20 март 2017