Стрелците немаа свој ден, Вардар освои само бод со Борец

Во 2. коло од новата сезона, Вардар дојде до првиот бод освојувајќи го на теренот во Велес против новиот прволигаш Борец. Бодот можеше да биде претворен во три, доколку беа искористени повеќето шанси кои „црвено-црните“ ги направија на теренот на противникот. Меѓутоа, едноставно, стрелците немаа свој ден, па така нашиот тим мораше да се задоволи само со еден освоен бод. 

Колевски во 8. и во 11. минута дојде до позиција да се заканува, но и двата ибиди завршија во рацете на противничкиот голман. Шансите продолжија да се редат, иницијативата беше на страната на Вардар, а во 40. минута дојде нова шанса преку Колевски, но топката отиде само крај голот. 

Во вториот дел продолжи иницијативата на Вардар, а во 75. минута и играч повеќе на теренот. Следуваа две шанси пред самиот крај. Дарко Мицевски по нафрлена топка од корнер од Аврамовски од 5-6 метри со глава го префрли голот, а потоа и Жуниор од непосредна близина не успеа убаво да ја зафати топката, и таа отиде само крај голот. 

ФОТОГАЛЕРИЈА

 

БОРЕЦ - ВАРДАР    0:0

Градски стадион во Велес. Гледачи: 4.000. 

Судија: Јосип Бартон (Скопје).

Стрелци: /

Ж. Картони: Стојковски, Лазаревиќ, Мустафа (Б) - Адем (В). 

Ц. Картон: Петров 75’ (Б). 

БОРЕЦ: Мустафа, Блажевски (63’ Николовски), Стојковски, Трајановски, Ѓорѓиев (90’ Богдановски), Коцев, Прелчец, Ефтимов, Христов, Абаз (80’ Лазаревиќ), Петров. 

ВАРДАР: Гачевски, Тошевски, Новак, Серафимов, Жуниор, Адем (65’ Димоски), Мицевски, Брдаровски (74’ Ибиши), Аврамовски, Цветаноски (74’ Попзлатанов), Колевски. 

недела, 18 август 2019