Статистички бројки во дуелите помеѓу Шкендија и Вардар

Шкендија и Вардар во среда ќе го одиграат својот 49. натпревар во македонското првенство или во македонскиот Куп. 

- Во досегашните 48 натпревари, вардарци се поуспешни и имаат 23 победи, осум натпревари завршиле нерешено, додека 17 пати противникот се радувал на триумфот

- Гол разликата е на страната на „црвено-црните“ со 67 постигнати голови и 48 примени погодоци

- Вардар како гостин против Шкендија одигра вкупно 24 натпревари, од кои нашиот тим победи на девет меча, два натпревари завршиле нерешено, додека 13 пати победувала Шкендија. Вардарци на теренот на противникот постигнал 23 гола, а примил 30

- Сезонава Вардар еднаш загуби од Шкендија откако во Тетово беше 2:0 за противникот, и еднаш ја совлада екипата од Тетово со 4:2 на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје

- Од 2004 година па наваму, ниту еден првенствен дуел во Тетово не завршил без голови, односно секогаш имало барем еден гол

- Овие два ривали ќе се сретнат повторно за неколку дена, кога ќе ги одиграат двата натпревари од 1/4 финалето од Купот на Македонија

- За судијата Александар Ставрев ова ќе биде прв натпревар сезонава во кој ја дели правдата на дербито. Минатите два меча ги судеше Димитар Мечкаровски. Ставрев пет пати сезонава му судел на Вардар, и нашиот тим нема пораз (Вардар - Пелистер 1:0, Силекс - Вардар 0:0, Пелистер - Вардар 0:1, Вардар - Ренова 2:1, Вардар - Силекс 3:1)

- Шефот на стручниот штаб Чедомир Јаневски за прв пат ќе игра против Шкендија во Тетово. Досега Јаневски во единствениот меч против Шкендија, го совлада противникот со 4:2. До сега Јаневски гостуваше во Тетово само кога Вардар играше против Ренова, и го победи убедливо со 5:2

вторник, 13 февруари 2018