Стартуваа подготовките за натпреварот со Ренова

Од Тетово, повторно во Тетово. Вардаровиот состав и во 2. коло од сезоната 2018/2019, ќе гостува во градот „под Шара“, овој пат на екипата на Ренова. По нерешените 2:2 против Шкендија, сега „црвено-црните“ се надеваат на остварување на првиот триумф во новиот шампионат. 

После два слободни дена кои стручниот штаб им ги даде на фудбалерите, од денеска екипата повторно е во „погон“ и на тренинг кампот во Хиподтом ги започна подготовките за натпреварот со вториот тетовски тим. 

Првиот тренинг после натпреварот со Шкендија го пропуштија Максим Максимов, Бесар Исени, Али Адем и Тодор Тодороски кои што се жалат на повреди. Другите играчи беа на располагање на стручниот штаб. 

Натпреварот против Ренова се игра во недела (19.08) со почеток во 17 часот на Градскиот стадион во Тетово. 

вторник, 14 август 2018