Стартува пролетниот дел, Вардар ја пречекува Македонија ЃП

Вардар во рамките од 19. коло, или од првото коло во пролетниот дел, во сабота од 14 часот го пречекува составот на Македонија ЃП. Натпреварот се игра на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје и ќе биде емитуван на МТВ и на Арена Спорт. 

Инаку сезонава Вардар и натаму ја бара првата победа над својот противник. Во првиот меч сезонава Македонија ЃП победи со 0:2, додека вториот меч во Ѓорче Петров заврши без победник 1:1. 

Вардар во новата сезона тргнува на првото место, со осум бодови предност пред второпласираниот тим на Шкендија. 

Фудбалскиот клуб Вардар ги повикува сите љубители на Вардар, да дојдат утре на стадион, и да му дадат поддршка на нашиот тим. Воедно апелираме на фер и коректно навивање. 

петок, 14 февруари 2020