Стартниот тим на Вардар за градското дерби со Шкупи

Познат е составот на Вардар кој што денеска ќе истрча на теренот на Националната Арена „Филип Втори“ за натпреварот од 27. коло од Првата лига против Шкупи. 

На нашиот гол ќе биде Игор Алексовски. Во одбраната на тимот Филип Антовски, Владица Брдаровски, Бобан Грнчаров и Евгениј Новак. Во средниот ред на Вардар „триото“ Никола Глигоров, Кларенс Битанг и Бесар Исени, и во нападот ќе бидат Дејан Блажевски, Тигран Барсегјан и Максим Максимов. 

Од клупата за резерви шанса ќе чекаат Филип Илиќ, Кристијан Тошевски, Бојан Колевски, Тодор Тодороски, Никола Серафимов, Јакуп Бериша и Матеј Цветановски. 

Еве како формациски ќе изгледа нашиот тим на мечот со Шкупи: 

недела, 15 април 2018