Среќен роденден Владица!

Денеска му посакуваме среќен роденден на Владица Брдаровски. Нашиот десен бек е роден на денешен ден во 1990 година. 

Брдаровски после настапите во екипата на Пелистер, Брно, Работнички и Ѓер, во летниот преоден рок во 2015 година му пристапува на тимот на Вардар. Минатото лето ја продолжи соработката со „црвено-црните“ до 2019 година. 

Му посакуваме на Брдаровски најпрво многу среќа и здравје, уште многу настапи во дресот на нашиот тим и освојување на пехари, и меѓународни успеси со „црвено-црните“. 

Среќен роденден Владица! 

среда, 7 февруари 2018