Среќен роденден Трајко Стаматоски

Господинот Трајко Стаматоски, кој е почесен претседател на нашиот клуб, денеска го прославува својот 91. роденден.

Стаматоски е роден на 6 мај, 1925 година во Скопје и своевремено беше долгогодишен член на вардаровото раководство. Како еминентен македонски лингвист, Стаматоски е автор е на околу 500 научни и стручни прилози. Неговото име, исто така е запишано и како главен и одговорен уредник на монографијата објавена во 1987. година, по повод 40-годишнината од формирањето на најтрофејниот македонски фудбалски клуб.

ФК Вардар му го честита роденденот на својот почесен претседател и голем вљубеник во спортот, со најискрени желби за добро здравје и долговечен живот.

 

петок, 6 мај 2016