Среќен роденден на нашиот капитен!

Бобан Грнчаров, капитенот на Вардар, денеска го слави својот 35-ти роденден. 

Грнчаров е роден 1982 година во Скопје. Настапуваше во младинските категории на Вардар, а потоа играше во странски клубови како ОФК Белград, Металург Доњецк, Стал, Таврија, потоа во Белгија во тимовите на Лирс и Гент, пред да се пресели во Израел во Макаби Петах Тиква. Со АПОЕЛ играше во групната фаза од Лигата на шампионите, а потоа играше за Ботев Пловдив од Бугарија. Во летниот преоден рок 2014 година се врати во Вардар. Капитенот на Вардар има вкупно 122 официјални настапи во „црвено-црниот“ дрес. 

ФК Вардар на Бобан Грнчаров му посакува многу среќа, здравје, уште многу успешни настапи во дресот на Вардар со капитенската лента, и многу победи и уште освоени титули. 

Среќен роденден на нашиот капитен!

сабота, 12 август 2017