Среќен роденден Кочо Димитровски

На денешен ден во 1950 година, е роден човекот со најмногу настапи во дресот на Вардар, Кочо Димитровски. 

Легендарниот Димитровски „црвено-црните“ бои ги бранеше цели 17 сезони, во периодот од 1968 до 1985 година. За првиот тим на Вардар има одиграно 845 натпревари, од кои 416 биле првенствени и има постигнато 95 погодоци.

По завршувањето на фудбалската кариера, како шеф на стручниот штаб, во сезоната 1998/99 ги предводеше „црвено-црните“ до четвртиот трофеј во националниот Куп на Македонија.

ФК Вардар му го честита роденденот на својот славен играч и тренер од минатото, со најискрени желби за добро здравје и долговечен живот.

вторник, 13 март 2018