Среќен роденден Хуан Фелипе!

Вардаровиот фудбалер Хуан Фелипе денеска го слави својот 30-ти роденден. Роден е на 5-ти декември 1987 година, во Сао Висенте во Бразил. 

Фелипе во својата кариера настапувал за бразилските Сантос, Санто Адре, Ред Бул Бразил, Ориенте Петолеро, Сао Карлос, а во 2014 година се сели во соседна Бугарија и го облекува дресот на ЦСКА Софија. Летото 2015 година стана дел од Вардар, и пред неколку дена стигна до својот 100-ти настап во „црвено-црната“ екипа. Фелипе до сега има освоено две шампионски титули и еден пехар во Супер-Купот. 

Фудбалскиот клуб Вардар му посакува на Фелипе многу среќа и здравје, и уште многу успешни настапи во „црвено-црниот“ дрес, заокружени со уште пехари. 

Среќен роденден Хуан. 

Feliz Aniversário Juan.

вторник, 5 декември 2017